Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри верува дека неговиот тим може да ја освои титулата во италијанското фудбалско првенство.

– Ништо не е невозможно во фудбалот. Мора да веруваме дека сме способни за нешто извонредно, дека можеме да го претвориме невозможното во возможно. Мораме да дадеме максимум, а ако некој друг сепак не надмине, останува само да му подадеме рака и да му аплаудираме на неговите напори. Драго ми е што стигнав до 300-та победа. Се сметам себеси за многу среќен бидејќи работев со извонредни фудбалери, кои ми беше вистинско задоволство да се гледаат, изјави Алегри за „Football Italia“.

Вчеравечер Јувентус го победи Лече (3:0) во 21. коло во Серија А. За Алегри оваа победа беше 300. во Серија А.

Јувентус се наоѓа на првото место со 52 бода, еден повеќе од Интер кој има и натпревар помалку



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.