Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри смета дека нерешените 1:1 со Интер во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија се реален резултат.
Јувентус поведе во 83.минута преку Квадрадо, изедначи Ромелу Лукаку од пенал во 90+5. минута. Прославувајќи, го голот тој покажа гест со кој ги повика навивачите на противникот да бидат тивки. После тоа настана конфликт меѓу екипите, по што Белгиецот доби втор жолт картон на овој натпревар.
По последниот судиски свиреж играчите повторно почнаа да се расправаат. Судијата Давиде Маса им покажа црвени картони на дефанзивецот на Јувентус, Хуан Квадрадо и на голманот на Интер, Самир Хандановиќ.
– Не знам што се случи таму, бидејќи отидов во просторијата под трибината по последниот судиски свиреж. Малку хаос на крајот. Знаевме дека ќе биде тешко. Интер имаше тежок период, но останаа присебни. Натпреварот заврши како што заврши. Беше малку досадно но нерешениот резултат е фер резултат. Знаеме дека реваншот ќе биде решавачки, но гол на 20 секунди пред крајот на натпреварот можеше да се избегне, изјави Масимилијано Алегри.
Другата полуфинална двојка е Кремонезе – Фиорентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.