Поранешниот германски фудбалер Лотар Матеус верува дека Ерлинг Халанд требало да ја добие Златната топка, а не Лионел Меси.

Вчера Аргентинецот по осми пат ја освои наградата. Доделувањето на наградата се одржа во Париз во театарот „Шателе“.

Цела минатата година Халанд играше подобро од Меси. Лионел победи неправедно. Но, тоа покажува дека Светското првенство е важно повеќе од било што друго. Мислам дека Халанд е најдобриот играч во последните 12 месеци, освои важни трофеи со Манчестер сити и собори голгетерски рекорди. За мене никој не го победува Халанд. Ова гласање е фарса, иако јас сум навивач на Меси, изјави Матеус.

Ерлинг Халанд го зазеде второто место во гласањето. Норвежанецот го освои трофејот Герд Милер како најдобар стрелец во сезоната 2022/23.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.