Излези момче… Никогаш Cеверна, само Македонија! Македонија се слева на плоштадот за да ја прослави историската победа на националната фудбалска репрезентација.
Фудбалската репрезентација на Македонија го елиминира европскиот првак Италија (0-1) во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Херој е Александар Трајковски кој постигна во 90.минута. Одиме во финале, против Португалија во Порто, на чекор до мундијалот.
Центарот на градот татни! Се слеваат реки возила кон главниот плоштад за сите заедно да му оддадат почит на Александар Трајковски за историскиот погодок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.