Славниот поранешен италијански репрезентативец, Алесандро Костакурта изнесе комплименти на адреса на македонската фудбалска репрезентација пред мартовскиот мундијалски бараж против Италија, но оценува дека актуелниот европски шампион ќе ја оправда фаворитската улога на дуелот на 24 март во Палермо.

Победникот од баражот во Палермо за место на Мундијалот во Катар потоа го очекува завршниот дуел против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

Мислам дека можеме да ја совладаме Португалија, која ја гледам како победник во дуелот против Турција, како што Италија ја гледам поуспешна во пресметката против Македонија.

 

Македонците имаат силни и квалитетни играчи, но нивниот тимски дух е на пониско ниво од Италија, а тоа игра важно улога. Од друга страна, и Италија во овој момент се соочува со проблеми и не е истиот тим од осум – девет месеци.

 

И покрај сè, очекувам тежок натпревар против Португалија и пласман на Мундијалот во Катар – истакна поранешниот дефанзивец на Милан во изјава за италијанските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.