Актуелниот шампион во македонската женска фудбалска лига „Каменица Саса“ ги засили своите редови пред пролетниот дел од сезоната со Американката Пејтон Чик.

Шампионот од Македонска Каменица објави дека Чик успешно ги минала медицинските прегледи и со неа е потпишан едногодишен договор.

Чик е прва американска фудбалерка, која ќе настапува во македонскиот женски клупски фудбал, а минатата година играше за израелскиот второлигаш „Хапоел Рајана“.

„Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции. Со своето искуство очекуваме пролетниот дел да ни помогне да бидеме уште посилни и резултатски поуспешни“, соопшти „Каменица Саса“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.