Италијанецот Даниеле Орсато ќе го суди првиот натпревар на Светското првенство во Катар кое почнува утре, објави ФИФА. Натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор ќе се игра на стадионот Ал Бајт со почеток во 17 часот.

Со своите 46 години, Орсато е еден од најискусните судии на меѓународната сцена.

Со знакот на ФИФА суди од 2019 година, а на последното Европско првенство ја делеше правда на три натпревари.

На клупска сцена последен голем меч што госудеше беше дуелот од Лигата на шампионите меѓу Лајпциг и Реал Мадрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.