Фудбалерите на Англија ја совладаа попладнево репрезентацијата на Иран со 6-2 (3-0) во воведниот натпревар во групата Б на вториот ден од Светското првенство во Катар.

Англичаните доминираа во натпреварот од самиот почеток, а го скршија отпорот на противникот во 35. минута кога Џад Белингам со прецизен удар со глава го отвори резултатот.

До крајот на полувремето Англија дојде до убедлива предност со головите на Букајо Сака (43) и Рахим Стерлинг (45+1).

Првото полувреме беше продолжено за 14 минути поради повреда на главата на иранскиот голман Алиреза Беиранванд, кој мораше да биде заменет.

Во вториот дел, Сака, 62, Маркус Рашфорд ,71 и Џек Грилиш, 90 беа стрелци за Англија. Почесниот гол за Иран го постигна Мехди Тереми во 65 минута, додека во завршните моменти од средбата истиот играч го постави конечниот резултат од пенал.
Пред почетокот на натпреварот, иранските навивачи од трибините на „Калифа интернешнл“ стадионот во Доха ја исвиркаа државната хима, а иранските репрезентативци се воздражаа од пеење на химната алудирајќи со тоа на поддршка на демонтрантите во Иран.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.