Италија е во Скопје, каде што ќе се обиде со новиот селектор да се одмазди за поразот во Палермо во баражот за Светското првенство.

Италијанската репрезентација предводена од Чиро Имобиле со капитенската лента, сега посакува победа, но напаѓачот искажа пофални зборови кон Македонија.

„Ние игравме со Македонија пред две години кога бевме многу нервозни, но со голема желба, и за жал бевме поразени. Македонскиот тим е силен, има играчи кои играат во големи клубови, Елмас е исклучително добар играч“, изјави Имобиле.

Имобиле кажа дека му е чест што ќе биде капитен на оваа Италија.

„За мене претставува огромна чест, огромна гордост сега ќе бидам капитен на националниот тим и ќе им пренесам на моите идни генерации каков предизвик ова било за мене“, вели Имобиле кој на крајот кажа за ситуацијата на теренот.

„Теренот забележав дека има многу дупки. Во секој случај не чека еден тежок натпревар“, вели Имобиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.