Златан Ибрахимовиќ потврди дека се враќа во Милан, шест месеци по завршувањето на активната кариера.

Шведскиот напаѓач, со Милан освои две титули, одигра вкупно 163 натпревари, постигна 93 голови и забележа 35 асистенции. Тој, сепак нема да биде тренер, како што објави италијанскиот печат, туку како „десна рака“ на првиот човек на клубот, Гери Кардинале.

„Извршен соработник“ и „виш советник на сопственикот“ се приближно „титулите“ што ќе ги има Ибра на „Сан Сиро“.

Американскиот бизнисмен со италијанско потекло Кардинале со тоа стави крај на шпекулациите дека Ибрахимовиќ, всушност, ќе се врати кај Росонерите како наследник на тренерот Стефано Пиоли.

Како „извршен соработник“ на компанијата „РедБрд“, Ибра ќе работи со тимот кој се занимава со глобални инвестиции и помага да се подобри спортското портфолио на целата организација“, ја објасни Кардинале новата улога на Ибрахимовиќ во компанијата и во самиот клуб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.