Грчката олиција едвај успеала да го контролира хаосот во Атина, а уапсени се 96 хулигани. Покрај 87 хрватски државјани, уапсени се и пет Грци, еден Австриец, еден Албанец и еден Германец, како и еден навивач со документи од БиХ.
Јавноста во Грција се прашува како е можно толку голем број навивачи на Динамо да успеат да стигнат до Атина без да бидат запрени на пат од полициски сили кои знаеле дека УЕФА го забранила нивното присуство.
A eве како влегле. „Бед блу бојсите“ свесно ја заобиколиле Србија и Македонија бидејќи знаеле дека нивниот влез ќе ја алармира грчката полиција.Преку Босна, Црна Гора и Албанија преку граничниот премин Кавала влегле во Грција, дознава „Курир.рс“.
По веста за трагичната смрт на навивач на АЕК, реагираше и УЕФА која го одложи овој натпревар, а новите термини се 15 и 18 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.