Фудбалерот на Манчестер сити, норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, рече дека никогаш не сакал да настапува за репрезентацијата на Англија, пренесуваат британските медиуми.

Халанд е роден во Англија во 2000 година, во време кога неговиот татко Алф – Инге настапува во англиската лига.

Британските медиуми шпекулираа дека Халанд би можел да ја избере англиската репрезентација, но напаѓачот на Манчестер сити тоа го демантираше.

-Роден сум во Англија, а таму живеев три и пол години. Во Норвешка живеев многу подолго. Беше природно да ја изберам Норвешка. Никогаш не знаете што ќе беше доколку мојот татко настапуваше подолго во Англија, можеби ќе бев Англичанец. Но, јас сум Норвежанец и секогаш со гордост играм за својата репрезентација, изјави Халанд.

Ерлинг Халанд (22) досега за репрезентацијата на Норвешка има 23 настапи на кои постигна 21 голови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.