Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Ѓоко Хаџиевски, е еден од најтрофејните македонски тренери, кој во моментов работи во Хаџер од Саудиска Арабија, а во својата богата кариера уште водел и екипи од Јапонија, Обединетите Арапски Емирати, Бугарија, Србија, Азербејџан, Грција …
Во интервју за српски „Ало“, искусниот стратег зборува за многу теми, претстојното Светско првенство, но и за причините за неговото напуштање на селекторската позиција.
Бев селектор на Македонија во два циклуса. За СП 1998 и Европскотo првенство во 2000 година. Игравме одлично, на пример со Хрватска, третата селекција во светот, извлековме реми (1-1). Тогаш политиката преку Фудбалската федерација на Македонија почна да се меша во фудбалот, а јас никогаш не сум го сакал тоа. Затоа не бев на чело на селекцијата на двата натпревари против Југославија и потоа и против Ирска.
Новите лидери на федерацијата мислеа дека сум близок со Србите, сентиментално врзан и дека ќе тргувам. Беа национално настроени. Југославија победи со 3-1, а потоа по четириесет минути во Македонија водеше со 4-0! Толку од нивниот потег. Тие се покајаа, ме повикаа да се вратам, но јас им реков да прават што сакаат и отидов во Јапонија. Од 2000 година, мојата нога не стапнала во просториите на федерацијата – вели Хаџиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.