Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола призна дека Атлетико Мадрид беше подобар синоќа во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во вториот дел Атлетико Мадрид играше подобро од нас. Имавме среќа што не примивме гол. Сепак на крајот сме во полуфинале и тоа е заслужено. Се браневме со сите сили. Фернандињо беше одличен. Ни даде неверојатен импулс и направи се добро. Моравме да се прилагодиме. Противникот беше навистина многу добар – изјави Гвардиола.

Средбата во Мадрид по голема борба заврши нерешено 0:0. Во првиот натпревар Манчестер сити победи со минимален резултат 1:0, па се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Следен противник на англискиот тим ќе биде Реал Мадрид кој го елиминира Челзи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.