Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, ги започна подготовките за продолжението на клупската сезона.

„Мундо Депортиво“ објави дека 31-годишниот француски фудбалер реши да не оди на одмор по Светското првенство во 2022 година.

Гризман во сабота одржа индивидуален час, а од утре ќе почне да работи со тимот. Напаѓачот сака да биде во оптимална форма за претстојниот натпревар против Елче кој е закажан за 29 декември.

Гризман на Светското првенство 2022 година како дел од француската репрезентација имаше три асистенции на седум натпревари и освои сребрен медал



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.