Килијан Мбапе потпиша 5-годишен договор со Реал Мадрид, објави „Marca“.

На крајот од сезоната напаѓачот ќе го напушти Пари Сен-Жермен како слободен играч и од 1 јули ќе стане играч на мадридскиот клуб.

Според шпанскиот спортски весник, Мбапе склучил договор со Реал пред две недели.

Французинот ќе биде најплатен фудбалер во Мадрид, со плата од 15 до 20 милиони евра годишно по оданочување. Покрај тоа, предвидени се и бонуси за Мбапе.

Во последните две години во ПСЖ, еден од најдобрите фудбалери на светот ќе заработи 32 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.