Јужна Америка, сепак, ќе има свој борец за светската фудбалска титула, откако Аргентина на пенали ја доби Холандија во вториот четвртфинален меч од Светското првенство во Катар.
Иако беше во водство во поголемиот дел од натпреварот, Аргентина доби ладен туш во последната минута од судиското продолжение, кога Холанѓаните израмнија на 2:2.
Сепак, тимот на Меси е тој што во вторник ќе се соочи со Хрватска, која претходно денеска, исто така на пенали, го елиминираше Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.