Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана откри дека се борел да се прилагоди на клубот, но сега се чувствува одлично.
Голманот доби многу критики за неговите грешки во првите неколку месеци со „црвените ѓаволи“, но покажа доследност во последно време и направи низа важни одбрани.
– Имаше пресврт, но тоа не беше на теренот, тоа беше психолошки. Минатата сезона се преселив од Амстердам во Милано, но оваа адаптација беше прилично лесна. Ми требаа седум, осум месеци овде. Тоа беше период во кој учев и се адаптирав натпревар по натпревар, сподели Онана.
Вели дека неговите соиграчи постојано го потсетувале за неговите квалитети и како чувар на мрежата е.
– Моите соиграчи секогаш ме потсетуваа кој сум, каков голман сум и зошто дојдов во овој клуб. Веруваа во мене додека бев на голот и ми велеа: „Андре, имаш квалитети, останатото е прашање на време. На некои им требаат две години, на некои шест месеци. Имаш карактер да ги промениш работите“. Многу сум среќен, особено од навивачите кои ме поддржаа во тешките моменти. Многу сум им благодарен. Сето ова е зад мене. Сега е време да гледаме напред и очекувам добри времиња. Иднината ќе биде прекрасна за сите нас, додаде голманот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.