Многу спортисти се засегнати од серијата земјотреси во Турција и Сирија, а по некои се уште се трага.

Под урнатините, загина голманот на турскиот второлигаш Јени Малатјаспор, Ејуп Туркаслан, додека, пак, неговиот соиграч Бариш Башдаш (33), германски фудбалер со турско потекло, едвај се спасил.

Како што пишува германски Билд, во налетот на адреналин при потресот, Башдаш скокнал од терасата од вториот кат, при што, за среќа преживеал. Фудбалерот е тешко повреден и се наоѓа во болница.

Башдаш е роден во Германија каде играше за Хановер, но практично целата кариера ја помина во турски клубови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.