Фудбалските селектори Јулијан Нагелсман и Стив Кларк ги објавија составите со кои ќе го почнат денешниот прв меч на Европското првенство меѓу Германија и Шкотска.

Нагелсман се реши на офанзивен тим со пониски фудбалери.

Во офанзивата ќе играат Вирц, Хаверц и Мусиала, а позади нив ќе бидат Гундоган и Крос кој го почнува своето последно големо натпреварување како фудбалер.

Главните ѕвезди во тимот на Шкотска се Робертсон од Ливерпул и Мектоминеј од Манчестер јунајтед кој имаше фантастични квалификации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.