Фудбалската репрезентација на Германија има фуриозен старт на отворањето на Европското првенство (ЕП) откако вечерва во Минхен води сп 3-0 против Шкотска по првите 45 минути.

Иако Шкотите најавуваа изненадување, Германците се силно мотивирани. Во првите петнаесетина минути блеснаа младите Флоријан Вирц и Џамал Мусиала, кои со два мајсторски погодоци ги израдуваа домашните фанови на „Алијанц Арена“ за предност од 2-0.

Германија потоа рутински го намали темпото, но пред крајот на полувремето поведе и со 3-0 со пеналот на Хаверц, окако Гундоган беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник.

Покрај огромната негатива, Шкотите имаат дополнителен проблем бидејќи останаа и без играч на теренот, по црвениот картон на Портеус за стартот врз Гундоган.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.