Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја обвини Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за корупција.

 

– Зошто договорите треба да бидат на пет години? Зошто не можам да склучам осумгодишен договор? По неколку години, ако некој фудбалер го смени агентот, а новиот уште не заработил, почнува да бара зголемување на платата. Дали сте виделе што прави ФИФА во последните години? Тие украдоа милијарди, остануваат во Швајцарија – надвор од која било европска јурисдикција и никој не ги контролира, изјави Де Лаурентис за „Кориере дело Спорт“.

 

Наполи е на врвот на табелата во италијанската Серија А со 65 бодови од 25 натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.