Манчестер јунајтед испиша клупска историја во англиското првенство откако го совлада Брентфорд со 2:1 во 8. коло од Премиер лигата.

За првпат во историјата на лигата, фудбалерите на Јунајтед победија во меч во кој губеа до 90. минута.

Херој на „црвените ѓаволи“ беше играчот од средниот ред Скот Мектоминајкој постигна голови во 90+3 и 90+7 минута од натпреварот.

За Манчестер јунајтед ова е четвртата победа на осум одиграни натпревари во тековната сезона, по што со 12 бода клубот се наоѓа на 10. место во премиерлигашкиот поредок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.