Калабриската мафија позната како „Ндрангета“ му задава проблеми на легендарниот италијански фудбалер, а сега тренер, Џенаро Гатузо.

Како што е познато Гатузо во моментов живее и работи во Франција каде што е тренер на Олимпик Марсеј. Па така на удар во татковината сега најмногу е изложена неговата фамилија.

Но, како што наведува угледниот италијански весник „Ил Месаџеро“, Гатузо размислува и семејството да го исели од Италија.

Имено мафијата му врши притисок да и плаќа по 3.000 евра месечно за „заштита“, на што Гатузо се спротивставува. Па поради тоа автомобилот на неговата ќерка два пати, во октомври и декември минатата година беше запален.

Целиот случај е пријавен во полиција, а во истрагата за настанот се приведени две лица како што информираат тамошните власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.