Новиот тренер на Абердин, Нил Ворнок искажа пофални зборови за македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски кој продолжи со одличните игри, па во само три дена постигна голови против шкотските фудбалски гиганти Селтик и Глазгов Ренџерс.

Синоќа Миовски погоди во поразот од Глазгов Ренџерс (1:2).

– Не верувам дека во моментов некој е подобар од Миовски во Шкотска. Абердин од него сигурно ќе заработи многу пари доколку го продаде. Утре да замине во англиската Премиер лига и таму ќе биде на ниво. Мислам дека Бојан ќе даде барем уште 10 гола до крајот на сезоната, изјави Ворнок.

Иако зимава Миовски беше поврзуван со заминување од Абердин, сепак на крај реши да остане барем до крајот на сезоната. Во досегашниот дел од сезоната стигна до вкупно 20 гола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.