За време на сослушувањето, дефанзивецот на Милан и италијанската репрезентација, Алесандро Флоренци, признал пред обвинителката Мануела Педрота дека се обложувал на рулет.
Не се обложив на фудбал, туку на други видови игри како што е рулетот, изјави Флоренци на сослушувањето.
Триесет и двегодишниот фудбалер е осомничен за нелегално обложување додека беше член на Рома.
Флоренци е обвинет за истото кривично дело како Фаџоли, Тонали и Заниоло, единствените тројца играчи кои досега се запишани во регистарот на осомничени, врз основа на тамошните закони.
Одбранбениот фудбалер отиде во обвинителството во придружба на адвокатите Конте и Тогноци, исто како и Николо Заниоло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.