Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, е пуштен од притвор, откако судот денеска му ја одобри поднесената гаранција по приватно сослушување.

Гринвуд (21) беше уапсен минатиот викенд под обвинение дека ги прекршил условите за гаранцијата, додека прв пат беше лишен од слобода кон крајот на јануари оваа година кога беше осомничен за физички напад, силување и закани за убиство.

На обвинителниот акт претходеа фотографии и видеоснимки објавени на социјалните мрежи на кои се гледа девојка со раскрвавено лице и бројни модринки по телото со порака:„За сите кои сакаат да знаат што навистина работи Мејсон Гринвуд“.

Во истиот момент Манчестер јунајтед го суспендираше својот фудбалер на неодредено време, а компанијата „Најк“ го раскина спонзорскиот договор со него.

Гринвуд и неговиот адвокатски тим сè уште не ги коментирале обвинувањата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.