Англиските медиуми јавија вечерва дека му е продолжен притворот на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, кој е обвинет за силување.

Повикувајќи се на соопштение од полицијата во Манчестер, медиумите наведоа дека обвинителниот акт против Гринвуд е проширен и фудбалерот се товари и за смртни закани.

Гринвуд беше уапсен минатата недела, откако неговата девојка Хериет Робсон го обвини за силување и насилно однесување.

Манчестер јунајтед соопшти дека „клубот има нулта толеранција кон насилството и оти Мејсон останува надвор од тимот“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.