Без сомнение, најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги живее најтешките денови од своето постоење. Клубот, нешто што не е невообичанено за него низ годините на независна Македонија, повторно живее „од денес за утре“ во длабока неизвесност низ ново очекување на својот спас, пишува порталот Екипа.мк.

Како што дознава ЕКИПА, по деновите на тотален молк, сега е побарано од фудбалерите, барем оние кои се останати во клубот, да ги почнат подготовките со малку трпение и најава дека предвидените инвеститори од Унгарија ќе го преземат клубот во месец марте. А, во меѓувреме, според најавите, на играчите ќе им бидат исплатени дел од заостанатите плати како би ги почнале подготовките и би продолжиле со амбициите за влез во Првата лига, иако сето тоа сега е речиси невозможно.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.