Група ирански фудбалери и луѓе поврзани со спортот апелираа до ФИФА да го отстрани Иран од Светското првенство во Катар.

Бруталноста и воинственоста на Иран кон сопствениот народ достигна критична точка, барајќи негово недвосмислено и цврсто одвојување од фудбалскиот и спортскиот свет – се вели во соопштението.

Во писмото се истакнува и дека ФИФА може да се меша во политички кавги доколку му се наштетува на фудбалот.

Во соопштението се вели и дека ситуацијата на жените во Иран е крајно непријатна и фудбалот не е безбедно место за нив. Девојките не можат да присуствуваат на фудбалски натпревари и на стадион, што е прекршување на член 19 од статутот на ФИФА.

ФИФА мора да избере страна. Неутралноста од страна на ФИФА не е опција, имајќи предвид дека Иранската фудбалска федерација не беше неутрална, туку беше мобилизирана да го зголеми угнетувањето и систематски да ги исклучи жените од спортскиот екосистем – се додава во соопштението.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Репрезентацијата на Иран е во група со Англија, САД и Велс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.