Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе делува во насока да спречи екипите од Украина и Белорусија при жрепките да бидат извлечени да играат меѓусебно во кое било натпреварување во иднина, објави Извршниот комитет на УЕФА.
Одлуката донесена синоќа е одговор на поддршката на официјален Минск на руската инвазија врз Украина.
УЕФА во март одлучи белоруските репрезентации и клубови да ги играат своите домашни натпревари на неутрален терен без присуство на гледачи.
– Дополнителната одлука на оваа претходно е донесена со цел да се обезбеди непречено одвивање на натпреварувањата на УЕФА, бидејќи безбедноста на екипите, официјалните лица и други учесници можеби нема да биде во целост гарантирана поради воениот судир, образложи УЕФА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.