Дерби натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Лион, кој беше одложен поради каменување на гостинските фудбалери, ќе се игра на 6 декември на стадионот „Велодром“ во Марсеј, објави денеска француската фудбалска Лига 1.
Датумот беше познат од порано, но не и местото на одигрување, што доведе до затегнати односи меѓу двата клуба.
Натпреварот требаше да се одигра на 29 октомври во Марсеј, но навивачите на Олимпик го каменуваат автобусот со кој играчите на Лион и стручниот штаб беа на пат кон стадионот „Велодром“. Во инцидентот посериозно беше повреден тренерот на Лион, Фабио Гросо, а дербито беше одложено.
Раководството на лигата образложи дека одлуката натпреварот, сепак, да се игра на „Велодром“ е донесена „врз основа на информации и гаранции“ од надлежните служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.