Управата на Пелистер попладнево соопшти дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски и за нов тренер го назначи Бобан Бабунски.

Шест месеци пред истекот на договорот двете страни спогодбено се разделуваат по една година помината заедно. Клубот му се заблагодарува на Секуловски и неговиот стручен штаб за професионалноста, посветеноста и стручноста во уште една прилика што излезе во пресрет на матичниот клуб.

 

За нов шеф на стручен штаб е назначен Бобан Бабунски кој се обврза на договор до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката за уште една сезона ако клубот избори промоција во Првата фудбалска лига, се наведува во клупското соопштение.

Бабунски е на возраст од 54 години и е добро познато име, поранешен македонски и југословенски репрезентативец и селектор на сениорската и младинската репрезентација на Македонија. Во својата тренерска кариера ги водеше Вардар, Работнички и Победа, стои во соопштението на клубот од Битола кој сезонава се натпреварува во Втората македонската фудбалска лига.

Промоцијата на Бабунски и почетокот на подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе се случи на 9 јануари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.