Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одговори на шпекулациите за воведување на син картон.
– ФИФА би сакала јасно да стави до знаење дека извештаите за таканаречениот син картон на врвните фудбалски нивоа се неточни и предвремени. Секое такво тестирање, доколку се спроведе, треба да се ограничи на одговорно тестирање на пониски нивоа. ФИФА ќе се придржува до овој став кога ќе разговара за ова прашање на годишното генерално собрание на ИФАБ на 2 март, се вели во соопштението на организацијата.
Во британските медиуми вчера се појавија информации дека од следната сезона на фудбалските натпревари ќе биде воведен син картон. Фудбалерот кој ќе добие син картон ќе биде надвор од игра десет минути поради груб прекршок или несоодветно однесување и потоа се враќа во игра.
Досега на официјалните натпревари под покровителство на ФИФА се користат само жолти и црвени картони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.