Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш не го криеше незадоволството и очајот по поразот (4:3) од Челзи на гостински терен во натпреварот од 31. коло на Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ успеаја да го испуштат водството двапати во натпреварот, а кулминацијата беше во судиското продолжение кога примија два гола.

Се чини дека Јунајтед секој ден се повеќе тоне, иако веќе долги години не е ни бледа сенка на некогашниот гигант, а капитенот на тимот од „Олд Трафорд“, Бруно Фернандеш не ја криеше фрустрацијата по поразот.

-Фрустриран сум. Тешко ми е да го прифатам тоа што се случи. По ова немам што да им кажам на играчите во соблекувалната, бидејќи сите се свесни за важноста на неделното дерби со Ливерпул, изјави Фернандеш.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во следното коло го пречекуваат својот најголем ривал, тимот на Ливерпул, кој моментално е на чело на табелата во Премиер лигата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.