Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш изрази подготвеност да го напушти клубот доколку тоа се побара од него.

– Може ли да го напуштам клубот на лето? Секогаш сум велел дека сакам да бидам овде. Но, ако поради некоја причина на Јунајтед не му требам, ќе си заминам, изјави Фернадес, за „Дејли мејл“.

Претходно во англиските медиуми се појави информација дека Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде Португалецот.

Фернандеш игра за „црвените ѓаволи“ од јануари 2020 година. Вкупно за клубот одигра 230 натпревари, постигна 79 гола и 64 асистенции. Неговиот договор е до летото 2026 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.