Фенербахче очекувано го објави назначувањето на Жозе Мурињо за тренер на тимот.
Според информациите, договорот ќе биде на две години со можност за уште 12 месеци.
Денеска напладне Специјалот тргна од Лондон за Истанбул. Синоќа гостуваше на финалето на Лигата на шампионите, а уште тогаш потврди дека ќе ги преземе „фенерите“.
Мурињо вечерва ќе биде претставен на навивачите на клубот.
Искусниот менаџер ќе има задача Фенербахче да стане шампион на Турција, нешто што не се случило десет години. Болката кај навивачите на клубот е уште поголема бидејќи во последните три изданија на првенството тимот остана втор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.