Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) одлучи да поднесе жалба на санкциите што ги воведе независната дисциплинската комисија против тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, поради неговото однесување на натпреварот од 11. коло на Премиер лигата против Манчестер сити.

Германскиот фудбалски стручњак е казнет со 34.000 долари поради недолично однесување кон судиите на средбата.

ФА смета дека оваа казна е премногу блага.

По 12 одиграни кола, Ливерпул има 16 бодови и се наоѓа на 10. место на табелата во Премиер лигата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.