Фудбалерите на Франција ја совладаа вечерва Белгија со 1-0 (0-0) и се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство во Германија.
Пласманот меѓу осумте најдобри европски репрезентации Франција го обезбеди во финишот на дуелот во Дизелдорф со автоголот на Вертонген во 85 минута, кој несреќно ја смести топката во сопствениот гол по ударот на Коло Муани.
Противник на Франција во четвртфиналето ќе биде победникот од вечерашниот осминафинален дуел меѓу Португалија и Словенија.
Четвртфиналните двојки на ЕВРО2024 ќе бидат комплетирани утре кога на програмата се двата завршни осминафинални натшревари меѓу Романија – Холандија и Австрија – Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.