Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен во интервју за локалната телевизија DR1 TV ексклузивно проговори за најтешките моменти во својата кариера, изнесувајќи досега непознати детали, но и желба да се врати во репрезентацијата и да настапи на Мундијалот 2022 во Катар.

Ериксен, кој во интервјуто за данската телевизија рече дека бил мртов пет минути, последен пат се појави на фудбалскиот терен на 12 јуни кога претрпе срцев застој во финишот на дуелот против Финска во Копенхаген на ЕУРО22.

Сега данскиот фудбалер е во потрага по нов клуб, а голема желба му е да се врати во репрезентацијата и да настапи на Светското првенство.

Мојата цел е да играм на Мундијалот во Катар. Сакам да играм, тоа е мојот начин на размислување цело време. Тоа е цел, сон. Дали ќе бидам избран е друга работа. Но, мојот сон е да се вратам. Сигурен сум дека можам да се вратам, бидејќи се чувствувам подобро. Физички сум во врвна форма, изјави Ериксен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.