Лионел Меси е вистински бог во Барселона, иако тој во моментов не настапува за овој тим.

Аргентинецот кој со сигурност е еден од најдобрите во историјата на овој тим, ако не и најдобар фудбалер, минатото лето ја напушти Каталонија и замина во Париз. Но, и покрај тоа, Меси навивачите на овој клуб не штедат пари за некој сувенир.

Дресот кој што го носеше Меси на мечот против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе во победата од 3:2, кога го соблече и го држеше дресот во своите раце, е продаден на акцуија.

Аргентинецот на таа средба го постигна 500-от гол за Барса, додека неговата цена на аукцијата достигна неверојатни 427.680 илјади евра.

Новиот сопственик кој што на оваа онлајн аукција беше под името „anishfutbol“, изјав дека не му е жал за ниту едно евро потрошено за да го има „легендарниоит дрес“ во својата колекција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.