Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ сака да ја продолжи кариерата во ПСЖ, тврди новинарот Алфредо Педуља.

 

Парижаните се подготвени да го купат играчот за 70 милиони евра. Во блиска иднина клубовите ќе разговараат за евентуален трансфер на Србинот.

 

Влаховиќ во Јувентус е од јануари минатата година. Договорот на играчот со клубот од Торино истекува во летото 2026 година.

 

Во сезоната 2022/23, Влаховиќ забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и четири асистенции.

 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.