Најтрофејниот тренер во историјата на Лигата на шампиони (ЛШ), Карло Анчелоти, утре по јубилеен 200 пат ќе седи на клупата на натпревар во елитното европско клупско натпревање, кога Реал Мадрид ќе го пречека актуелниот шампион Манчестер сити во првиот четвртфинален натпревар.

Анчелоти е тренер со најмногу трофеи во ЛШ (четири) и најмногу победи (114), а утре ќе дојде и до својот 200 натпревар во елитното натпреварување.

„Тоа е големо достигнување. Се сеќавам на првиот натпревар, беше тоа против Спарта Прага кога бев тренер на Парма. Да се дојде до бројката од 200 натпревари знаDрече 64-годишниот италијански стратег.

Утрешната програма во ЛШ ќе го донесе и првиот четвртфинален дуел меѓу Арсенал и Баерн, додека в среда се првите пресметки меѓу Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд и ПСЖ – Барселона. ег ФОТО: Фејсбук



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.