Разделбата на еден од најславните спортско-музички пар на светот, Шаки и Жерар Пике, добива ново поглавје. Според медиумите, новата девојка на Пике, Клара Чија, со која Пике ја изневеруваше Шакира, го изневерила Каталонецот со неговиот поранешен тренер во Барселона, Пеп Гвардиола.

Во текот на 12 години колку што беа Шакира и Пике заедно, многу медиуми објавуваа дека Пике ѝ бил неверен на колумбијката. Но, сега, фотографот Џорди Мартин тврди дека Шакира не била единствената која била изневерена. Според него, Клара Чија, исто така му била неверна на партнерот кој го имала непосредно пред Пике.

Ќе му објаснам на светот како се случи големото предавство. Веќе ѝ кажав на Шакира дека имам доказ кога, како и каде е изневерена. Ќе изнесам две неверства. Едно од 2016 година и она со Клара Чија“, изјави Мартин за „Univision“.

Тој тврди дека Клара била девојка на братот на најдобриот пријател на Пике, кој работел во „Космос“, компанија на играчот на Барселона.

Играчот организирал компаниска вечера и таму била 23-годишната студентка. на забавата таа и Пике се вљубиле на прв поглед и почнале да излегуваат без да им кажат на партнерите.

Жерар Пике ја зема девојката на својот пријател. Клара го изневеруваше своето момче, а Џерард ја изневеруваше Шакира“, наведе Мартин.

Тој објаснува повеќе детали за неверството на Клара Чија.

Пике има најдобар пријател. Клара беше девојка на братот на пријателот на Пике. Од моментот кога се запознаа, тој беше вљубен во оваа девојка“, вели Мартин.

Тој вели дека Пике тогаш мислел дека Клара го оставила своето момче кога почнала да излегува со него.

Но, тоа бешпе само делумно точно, бидејќи таа тогаш имаше афера со Пеп Гвардиола, тренерот на клубот Барселона, вели Мартин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.