Италијанскиот фудбалски вицешампион Интер објави денеска дека го продолжил договорот со тренерот Симоне Инзаги (46) до лето 2024 година.

Инзаги седна на клупата на прволигашот од Милано пред една година на местото на Антонио Конте, откако пет сезони беше тренер на Лацио. Минатото лето Инзаги потпиша двегодишен договор, кој денеска беше продолжен за уште една сезона.

Во својата прва сезона на клупата на „црно – сините“ Инзаги не успеа да ја одбрани шампионската титула, заостанувајќи на крајот два бода зад градскиот ривал Милан, но го освои италијанскиот куп и дојде до осминафиналето во Лигата на шампиони, што беше прв таков успех за Интер во елитното натпреварување по пауза од десет години



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.