Skip to main content

Инзаги лут по поразот во Леверкузен

Тренерот на Интер, Симеоне Инзаги зборуваше за поразот на тимот во натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите со Баер (0:1).

– Не бевме доволно добри во нападот. Не одигравме доволно добро за да победиме противник од ова ниво. Но, нашата цел останува иста – директно да влеземе во плејофот, односно да завршиме во топ 8. И сè уште е целосно изводливо. Баер денеска одигра одлично. Очигледно, во меч со таков противник е невозможно да се избегнат опасните моменти крај вашиот гол. Но, секако, штета што сепак го примивме гол на самиот крај, изјави Инзаги.

Интер со 13 бода и се наоѓа на 4. место во поредокот. Баер е втор со ист број бодови