Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, им се обрати на навивачите на Јувентус кои го критикуваа Аргентинецот за славењето на триумфот над неговиот поранешен тим во 25. коло од Серија А.
– Знам дека ви е тешко, но денес играм за друг тим и со различни партнери, кои морам да ги почитувам! Победата никогаш не е лесна, тоа ни беше важно. Ја прославив победата со другарите. На сите ви испраќам голема прегратка и ве сакам, стои во обраќањето на Дибала, кон фановите на „Старата Дама“.
Дваесет и деветгодишниот напаѓач минатото лето се пресели во Рома. Претходно седум сезони играше за Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.