Невообичаено интересна сцена по финалниот натпревар од Лигата на шампионите во Лондон.

Еден од најдобрите актери на финалето на Вембли, 20-годишниот Џуд Белингем по мечот најпрвин ја прослави титулата со соиграчите, потоа ја сподели радоста со братот и мајка си, а потоа отиде директно кај Жозе Мурињо и побара од него услуга:

„Го замолив Жозе Мурињо да се слика со мајка ми, таа е негова обожавателка со години“, изјави младиот фудбалер за англиските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.