Пред 32 години на денешен ден легендите на македонскиот фудбал Дарко Панчев и Илија Најдоски ја освоија светската клупска титула триумфирајќи со белградска Црвена звезда над чилеански Коло Коло во финалето на Интерконтиненталниот куп.

Шест месеци по историскиот триумф над Олимпик Марсеј во Бари во финалето на Купот на европските шампиони, Црвена звезда на 8 декември 1991 година во Токио го совлада јужноамериканскиот првак со 3-0 (1-0) и ги обедини титулите европски и светски првак.

Двоен стрелец беше Владимир Југовиќ (19 минута, 58), а печат на победата стави најдобриот европски стрелец во сезоната 1990/91, Дарко Панчев во 72 минута.

Панчев и Најдоски беа дел од триумфот на Црвена звезда чиј дрес во финалето на Националниот стад во Токио пред 60.000 гледачи го носеа и Милојевиќ, Радиновиќ, Белодедиќ, Васиљевиќ, Ратковиќ, Југовиќ, Михајловиќ, Стошиќ и Савичевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.