Германскиот селектор Ханси Флик изјави пред утрешниот клучен натпревар против Костарика дека ќе остане на клупата дури и во случај да не успее да ја однесе репрезентацијата во осминафиналето на Мундијалот во Катар.
За да ја мине групната фаза на Германија ќе ѝ биде потребна победа над Костарика, како и триумф на Шпанија над Јапонија или победа со најмалку два голови разлика доколку Шпанците и Јапонците ремизираат.
–Имам договор до 2024 година и доколку мене ме прашувате, останувам нормално селектор без разлика што и да се случи на ова првенство“, изјави Флик.
„Се радувам на Европското првенство 2024 во Германија, но дотогаш имаме уште многу време. Пред тоа имаме многу работа“, додаде германскиот селектор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.